сабота, 19 октомври 2024

Лавров: Западот игра двојна игра

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека тие ги носат одлуките врз основа на сопствените интереси, што, како што истакна, е очигледно во ситуацијата со Косово.

„Кога сакаат да го направат Косово независно, тие го ставаат акцентот на правото на народите на самоопределување, но кога им е во интерес да го негираат таквото право во други делови од светот, тие се повикуваат на територијалниот интегритет како апсолутна опција“, кажа Лавров.

Шефот на руската дипломатија оцени дека „дрскоста на Западот“, кој врши притисок врз руските партнери убедувајќи ги откажат од соработката со Москва, ги надминува сите граници.

„Безобразлукот на западните претставници, и на Европската Унија и Американците кои се одговорни за санкциите, тој безобразлук ги надминува сите граници, а претставува целосно непочитување на самостојноста, на независноста на земјите кои се изложени на таков вид притисок и закани“, кажа рускиот дипломат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ