сабота, 27 јули 2024

Лавров: Западњаците опасно се нишаат на работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека поддршката на САД, Велика Британија и Франција за Украина предизвикува сериозни стратегиски ризици, кои го зголемиле ризикот од директна конфронтација меѓу најголемите нуклеарни сили во светот, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лавров рече дека САД и НАТО се опседнати со идејата да ѝ нанесат „стратегиски пораз“ на Русија и дека постојат ризици во таквата конфронтација што би можеле да доведе до зголемено ниво нуклеарна опасност.

„Западњаците опасно се нишаат на работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили, што има катастрофални последици“, рече Лавров.

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници велат дека ѝ помагаат на Украина да се одбрани од руската агресија и дека Русија е таа што ги влошува тензиите меѓу Истокот и Западот, вклучувајќи повторување на предупредувањата за опасност од нуклеарен конфликт.

Лавров рече: „Особена загриженост предизвикува фактот што ‘тројката’ западни нуклеарни држави се меѓу клучните спонзори на криминалниот режим во Киев, главните иницијатори на различни провокативни чекори. Во ова гледаме сериозни стратегиски ризици, што доведува до зголемување на нивото на нуклеарна опасност“.

Трите западни земји со нуклеарно оружје се САД, Велика Британија и Франција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ