сабота, 27 јули 2024

Лавров за Косово: Се спрема голема експлозија во центарот на Европа

Објавено на

часот

Сподели

Лавров изјавата ја даде пред судирот меѓу силите на Кфор и Србите кои се обидуваат да ги оневозможат албанските градоначалници да ја преземат власта во местата со мнозинско српско население на северот на Косово.

„Голема експлозија се спрема во центарот на Европа. Токму на местото каде што во 1999 година НАТО ја изврши агресијата на Југославија кршејќи ги сите замисливи принципи на Хелсиншкиот завршен акт од документите на ОБСЕ, што уште еднаш истакнува дека она што денес се случува во светот е од геополитичка природа и дека е потребно геополитичко решение“, кажа Лавров.

„Со ова уште еднаш се истакнува дека е потребно решение, за Европа, за еднаква и неделива безбедност за сите земји. Тоа би значело дека ниеден блок, вклучувајќи го НАТО, нема право да бара доминација во овој дел од земјината кугла“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ