Тоа ќе биде негова прва посета на која било земја од Европската Унија откако Русија во февруари 2022 година испрати десетици илјади војници во Украина.
Амбасадата на Малта во Русија потврдила за Ведомости дека одлуката да се одржи состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ на островот на 5 и 6 декември „се однесува на сите членки, вклучително и на Руската Федерација“.
„Делегациите на ОБСЕ се редовно информирани за напредокот на подготовките. Дополнителни практични детали, вклучително и покани, ќе бидат испратени до сите делегации на ОБСЕ во догледно време“, соопшти амбасадата.