сабота, 27 јули 2024

Лавров: Верувам дека француските инструктори веќе се во Украина и дека се мета на руските сили

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денес, коментирајќи ја можноста за испраќање на француски воени инструктори во Украина, дека верува дека инструктори веќе има во таа земја и дека се легитимна мета на руските оружени сили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Што се однесува до француските инструктори, имам причина да верувам, бидејќи постојат многу конкретни факти, дека тие веќе работат во Украина и без оглед дали се припадници на француските оружени сили или едноставно платеници, претставуваат апсолутно легитимна мета за нашите оружени сили“, кажа Лавров.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно кажа дека не ја исклучува можноста за испраќање трупи во Украина ако Русија ги пробие линиите на фронтот.

Според него, „многу земји“ се сложиле со планот за можно испраќање западни трупи во Украина. како што пишува Монд, Макрон се обидува да формира европска коалиција за испраќање воени инструктори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ