сабота, 19 октомври 2024

Лавров: Вашингтон го гледа конфликтот во Украина не како војна, туку како профитабилен бизнис проект

Неодамнешните изјави на Вашингтон упатуваат на тоа дека Соединетите Американски Држави ја сметаат Украина „само како вносен деловен проект од кој профитираат“, кажа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Советот за безбедност на Обединетите нации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лавров се осврна на некои претходни изјави на американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Минатиот месец шефот на американската дипломатија кажа дека 90 отсто од парите доделени за украинска помош на крајот се враќаат назад во САД „во корист на американскиот бизнис, локалните заедници и јакнењето на американската одбранбена индустриска база“.

САД всушност „го развиваат својот военоиндустриски комплекс додека го фрлаат старото ѓубре во Украина“, кажа Лавров. Првиот руски дипломат кажа дека повеќето големи украински компании, вклучувајќи ги произведувачите на литиум, им се продадени на Американците, а дека американски компании успеале евтино да ја купат украинската плодна земја.

Лавров ги осуди изјавите на американските функционери како цинични и кажа дека Вашингтон го третира актуелниот конфликт „не како војна која однела стотици илјади животи, туку како профитабилен бизнис проект“.

Москва не води воена кампања против Украина, туку против „злосторничкиот режим, дрзок во својата неказнивост“, изјави тој. „Киев не се откажа од војната против сопствените граѓани на истокот и југот“, и покрај повеќегодишните напори на Москва да најде мирно решение на оваа криза, додаде тој. Кажа и дека повеќе од седум милиони Украинци нашле засолниште во Русија од „Мајданскиот удар“ во 2014 година.

„Западните поддржувачи на Киев никогаш не се обидоа да ја сопрат украинската влада во прогонот на Украинците кои зборуваат руски“, кажа Лавров, обвинувајќи ги САД и нивните сојузници дека ги искористиле минатите години „за да ја вооружат Украина и да ја подготват за војна против Русија“.

Русија е спремна за разговори за Украина, но не е спремна да разговара за начините да ја задржи актуелната киевска влада на власт, кажа шефот на руската дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ