недела, 20 октомври 2024

Лавров: Создавањето палестинска држава е од суштинско значење за да се избегне повторното насилство

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска се заложи за создавање палестинска држава, зборувајќи за ситуацијата во Газа на годишната прес-конференција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Главната насока на напорите треба да биде создавање палестинска држава во целосна согласност со одлуките на Советот за безбедност на ОН, држава што, како што е напишано во тие одлуки, ќе живее во безбедност и добрососедство со Израел и другите земји во регион“, посочи Лавров, пренесоа агенциите.

„Без тоа, што и да се случи, ќе видиме враќање на насилството што го гледаме сега во Газа, бидејќи без создавање палестинска држава, палестинскиот народ ќе продолжи да се чувствува лишено, ќе продолжи да живее во услови на инфериорна правда“, рече шефот на руската дипломатија, додавајќи дека постои потреба тоа да се запре.

Лавров изрази надеж дека државата Израел „конечно ќе дојде до тој заклучок“, но рече дека разбира оти тоа е „неприфатливо за Израел во овој момент“.

„Не можеме ништо да направиме освен да им објасниме“, рече тој и предупреди дека напорите за посредување на САД нема да дадат плод доколку нема „директен дијалог меѓу Израелците и Палестинците“.

Рускиот министер за надворешни работи најави дека ќе оди во Њујорк следната недела за да учествува на специјален состанок на Советот за безбедност на ОН за ова прашање и рече дека неговата земја „планира да учествува“.

„Таму ќе ги претставам нашите предлози, кои се насочени кон враќање на колективните принципи, а не на обиди да се реши сѐ“, рече Лавров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ