сабота, 27 јули 2024

Лавров: Сеедно ни е кој ќе биде новиот претседател на САД

Владејачката елита во Соединетите Американски Држави мисли во рамки на својата супериорност и посебност, ја гледа Русија како свој непријател и егзистенцијална закана, поради што на Москва ѝ е сеедно кој ќе победи на следните претседателски избори во таа земја, кажа денес министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Објавено на

часот

Сподели

„Имајќи го предвид постоечкиот меѓупартиски консензус по ова прашање, би било наивно да се надеваме на подобрување на односите ако победи републикански кандидат“, додаде Лавров.

„Нашата спремност целосно да го обновиме дијалогот со САД не треба да се зема здраво за готово. Руско-американските односи се влошија до крајни граници по вина на Вашингтон, кој доктринарно одреди задача да ѝ се нанесе „стратегиски пораз“ на Русија. Иако Белата куќа внимава да не уништи сè што остана од односите, Американците очигледно не се спремни да водат искрен дијалог заснован на заемна почит и уважување на обостраните интереси“, оцени Лавров.

Смета дека мирно функционирање со Вашингтон е возможно, но само доколку Америка ги признае руските национални интереси. Меѓутоа, според него, „владејачките кругови во САД ја негираат реалноста на мултиполарниот свет“.

Во тој контекст тој го спомна Договорот за ликвидација на рекетите со мал и среден дострел, кој во 1987 го потпишаа Москва и Вашингтон, и истакна дека „нема да помине многу време пред Американците на копно да разместат ракети со мал и среден дострел во различни региони во светот“, односно пред овој договор да биде прекршен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ