Сергеј Лавров предупреди дека Русија е подготвена да ги искористи „сите средства“ за да се одбрани.
„САД и нивните сојузници, кои му доставуваат оружје со долг дострел на режимот во Киев, мора да разберат дека сме подготвени да ги искористиме сите средства за да ги спречиме да успеат во, како што го нарекуваат, стратегискиот пораз на Русија“, рече Лавров во интервју со американскиот новинар Такер Карлсон, објавено во четвртокот во Москва.
Лавров рече и дека за Русија е клучно Украина да не биде во НАТО, бидејќи тој сојуз „не смее да биде на границите на Русија“.