сабота, 27 јули 2024

Лавров: САД и НАТО нема да запрат пред ништо, нашиот потег малку ќе ги вразуми

Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина, ја цитира агенцијата РИА изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Лавров рече дека таквиот потег би бил продолжение на напорите на Пекинг за решавање на украинската криза.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Го делиме ставот на Кина дека првенствено треба да се справиме со основните причини за конфликтот и да ги заштитиме правните интереси на сите страни, со последователни договори засновани на принципот на еднаква и неделива безбедност“, рече Лавров во разговорот со агенцијата. „Да нагласам уште еднаш, тоа подразбира почитување на реалноста на теренот, која ја одразува волјата на луѓето што живеат таму“, додаде тој.

Русија постојано повикува на преговори под услов Киев и Западот да ги признаат нејзините територијални добивки во Украина. Киев ги отфрли тие предлози. Лавров ги критикуваше САД дека ѝ помагаат на Украина, велејќи дека Вашингтон стана „учесник во злосторствата на режимот во Киев“.

Тој исто така рече дека Русија ја смета планираната испорака на борбени авиони Ф-16 со нуклеарно вооружување за Украина како „сигнална акција“ на НАТО. „Тие се обидуваат да ни кажат дека САД и НАТО нема да запрат пред ништо во Украина“, рече Лавров.

„Сепак, се надеваме дека тековните руско-белоруски вежби за употреба на нестратегиско нуклеарно оружје малку ќе ги вразумат нашите противници и ќе ги потсетат на катастрофалните последици од понатамошната нуклеарна ескалација“, додаде тој. На Блискиот Исток, рече Лавров, САД исто така „го разгоруваат пламенот на конфликтот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ