петок, 26 јули 2024

Лавров: Русија е подготвена да влезе на бојно поле против Западот

Ако Западот сака да се бори за Украина на бојното поле, Русија е спремна за тоа, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е нивно право – ако сакаат (да го решат прашањето на Украина) на бојното поле, нека биде на бојното поле“, рече Лавров, пренесе државната новинска агенција РИА.

Русија ги засили предупредувањата за опасностите од директна конфронтација со НАТО откако францускиот претседател Емануел Макрон одби да ја исклучи можноста во одреден момент таму да бидат испратени западни војници.

Кремљ минатата недела рече дека испраќањето војници на НАТО во Украина би било потенцијално исклучително опасно. Претседателот Владимир Путин изјави дека тоа може да доведе до Трета светска војна.

Лавров, кој две децении е министер за надворешни работи, зборуваше на парламентарната сесија за негова реноминација на функцијата во новата влада, која се формираше откако Путин месецов го почна новиот шестгодишен мандат.

РИА, исто така, ја пренесе неговата изјава дека мировните преговори за Украина што треба да се одржат во Швајцарија следниот месец, без учество на Русија, претставуваат ултиматум до Москва.

Тој ја спореди ситуацијата со „укор за ученик“ чија судбина ја решаваат наставниците додека тој е надвор од просторијата, пренесе агенцијата.

„Со никого не можете така да разговарате, особено не со нас“, рече Лавров. „Конференцијата… се сведува на повторување на ултиматум до Русија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ