сабота, 27 јули 2024

Лавров: Путин не е болен

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на прашање на новинарот на француската телевизија ТФ1, Лавров рече: „Мислам дека разумните и разбрани луѓе не можат да видат знаци на болест или земање лекови кај претседателот“.

Лавров додаде дека Путин, кој во октомври ќе наполни 70 години, „се појавува во јавноста секој ден“.

„Може да го видите на екраните и да ги читате и слушате неговите говори. Ширењето на таквите гласини нека биде на совеста на оние што го прават тоа“, рече Лавров.

Здравјето и приватниот живот на Путин се табу теми во Русија и речиси никогаш не се јавно дискутирани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ