петок, 27 декември 2024

Лавров: Примирјето е пат кон никаде

Русија не ја гледа поентата на примирје со цел замрзнување на конфликтот во Украина, бидејќи Москва сака правно обврзувачки договор за долготраен мир кој би ја гарантирал безбедноста на Русија и нејзините соседи, кажа шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Примирјето е пат кон никаде“, кажа Лавров, додавајќи дека Москва смета дека Западот би го искористил примирјето за дополнително да ја вооружи Украина.

„Потребни ни се конечни правни договори кои ќе гои зацврстат сите услови за да се гарантира безбедноста на Руската Федерација и, нормално, легитимните безбедносни интереси на нашите соседи“, кажа Лавров.

Тој додаде дека Москва сака да се состават правни документи со што ќе се обезбеди „неможност да се кршат тие договори“.

Ројтерс минатиот месец објави дека рускиот претседател Владимир Путин е отворен за преговори за примирје во Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но дека ја исклучува можноста за какви било поголеми територијални отстапки и инсистира на тоа Киев да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО пактот.

Путин минатата недела кажа дека е спремен на компромис околу Украина во евентуалните разговори со Трамп за крај на војната и дека нема предуслови за почнување преговори со украинските власти.

Претставникот на Трамп во Украина, пензионираниот генерал Кит Келог, на почетокот на јануари ќе отпатува во Киев и неколку други европски престолнини додека новата администрација ќе се обидува брзо да ја заврши војната во Украина, тврдат два извори упатени во тоа патување.

„Навистина се надевам дека владата на господинот Трамп, вклучувајќи го господинот Келог, ќе се вклучат во главните причини за овој конфликт. Ние сме секогаш спремни за консултации“, порача Лавров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ