Во текстот како прилог на фотографијата се вели дека станува збор за средба со „сегашниот и иден претседавач на ОБСЕ“.
Со други зборови, од Русија е добиена согласноста по Македонија, идната година претгседавањето со ОБСЕ да ѝ се довери на Малта. Треба да се има предвид дека во ОБСЕ одлучувањето е по принципот на консензус, што значи дека ако една членка е против, тогаш одлука нема.
Се смета, а такво уверување изрази и Османи, дека Малта е вистинското решение за да се избегне криза во дејствувањето на организацијата.
Инаку, Лавров објави и фотографии од средби со шефовите на дипломатиите на Австрија, Казахстан, Унгарија…