петок, 24 јануари 2025

Лавров: Не гледаме знаци дека Украина или Западот се спремни на преговори

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денес дека не гледа никакви објективни знаци дека Украина или Западот се спремни за мировни преговори, и покрај сè погласните изјави за потребата од такви преговори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„И покрај сè погласните разговори за потребата за мировни преговори, објективно не постојат практични акции кои би укажувале дека Киев и Западот се навистина спремни за нив“, кажа Лавров според транскриптот на одговорите на прашањата кои ги добил од новинари, објавени на официјалната страница на неговото министерство.

„Напротив, западните воени испораки за украинските оружени сили продолжуваат, ѝ се поставуваат ултиматуми на Русија, постои (украинската) законска забрана за преговори, а прашањето на легитимитетот на украинските власти не се решава“, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во декември дека Русија нема услови за почеток на преговори со Украина и дека е спремна да разговара со секого, вклучувајќи го украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Но, кажа дека Зеленски, чиј мандат истече минатата година, но тој самиот си го продолжи поради војната, би морал повторно да биде избран за Москва да го смета за легитимен потписник на каков било договор, обезбедувајќи негова правна валидност.

Киев тврди дека не постои прашање за легитимноста на Зеленски и дека руските изјави на таа тема се смислени да го поткопаат неговиот авторитет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ