сабота, 27 јули 2024

Лавров: Нашиот главен услов за преговори со Украина – воспоставување нов светски поредок

Објавено на

часот

Сподели

Лавров кажа дека мировните преговори за Украина ќе бидат можни дури кога ќе се води смета за „воспоставувањето нов светски поредок“ во кој нема да има американска хегемонија. „Преговори ќе бидат можни дури откако ќе се земат предвид руските интереси“, истакна тој. „Станува збор за принципите врз кои ќе се заснова новиот светски поредок“. Според АФП, тој додаде дека Русија го отфрла „униполарниот светски поредок во кој доминира еден хегемон“.

Русија од почетокот на војната тврди дека води борба против американската доминација на светската сцена и дека конфликтот во Украина е дел од таа борба. Кремљ оваа недела кажа дека нема избор освен да ја продолжи својата офанзива и дека не гледа дипломатско решение.

Лавров денес на прес-конференцијата со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави и дека пречките за рускиот извоз на земјоделски производи стануваат сè поголеми и дека разговарале за она што шефот на руската дипломатија го опиша како неуспех во спроведувањето на договорите за извоз на житото преку Црно Море.

Ројтерс пренесува дека Лавров кажа дека Русија ќе работи надвор од договорот за житото ако Западот продолжи да ѝ поставува пречки на Русија. Осврнувајќи се на украинскиот вишок на житарки, кој влијае на цените во источна Европа, што претходно неделава доведе до оставка на полскиот министер за земјоделство, Лавров сугерираше дека Европа вишокот евтини житарки би требало да им го даде на сиромашните земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ