петок, 26 јули 2024

Лавров на летот за Њујорк избегнувал непријателски земји

Авионот на шефот на руската дипломатија одлетал од Москва кон Соединетите Американски Држави по северната рута, заобиколувајќи ги непријателските земји, а летот траел 12 часа и 45 минути, јави ТАСС.

Објавено на

часот

Сподели

Руските новинари кои го придружуваат Лавров на патувањето добиле американски визи без ограничувања во радиус од 25 милји (околу 40 километри), како и во септември за време на заседанието на Генералното собрание на ОН.

Претходно официјалната портпаролка на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Лавров ќе биде во Њујорк од 22 до 24 јануари за лично да присуствува на расправите во Советот за безбедност за Блискиот Исток и Украина. Се очекуваат и бројни билатерални средби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ