сабота, 27 јули 2024

Лавров му предложил на Ким Џонг Ун одржување разговори за безбедност меѓу Русија, Северна Кореја и Кина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на денешниот состанок во Пјонгјанг му предложил на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун одржување на редовни разговори за безбедност меѓу Русија, Северна Кореја и Кина за да се договорат за одговор на, како што рече, „зголемената воена закана“ предводена од САД во заедничкиот регион.

Објавено на

часот

Сподели

Лавров од вчера е во дводневна посета на Пјонгјанг, која се очекува да биде фокусирана на зајакнувањето на одбранбените врски на двете земји врз основа на септемвриската средба меѓу Ким и рускиот претседател Владимир Путин.

Минатата недела, САД соопштија дека Северна Кореја испратила повеќе од 1.000 контејнери со муниција во Русија за војната во Украина, што е кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН со кои се забранува каква било трговија со оружје во која е вклучена Северна Кореја.

Руската новинска агенција ТАСС објави дека Лавров и Ким разговарале околу еден час, но деталите од разговорот не биле соопштени. Лавров, наводно, ѝм рекол на новинарите дека предложил одржување на редовни разговори за безбедносните прашања на Русија, Северна Кореја и Кина.

Лавров денеска се сретна со својот севернокорејски колега Чое Сон Хуи и го пофали продлабочувањето на билатералната соработка.

„САД, Јапонија и Јужна Кореја ја зајакнуваат воената активност овде, преместувањето на стратешката инфраструктура на Вашингтон, вклучувајќи ја и нуклеарната, предизвикува голема загриженост кај нас и кај нашите севернокорејски пријатели. Ние се спротивставуваме на оваа неконструктивна и опасна политика“, рече Лавров, пренесува ТАСС.

Лавров рече дека Русија длабоко ја цени „непоколебливата и принципиелна поддршка“ на Северна Кореја за нејзината војна против Украина и одлуката на Пјонгјанг да ја признае „независноста“ на сепаратистичките региони кои Русија ги анектираше во источна Украина.

Севернокорејските државни медиуми објавија дека Лавров ја пофалил Северна Кореја дека е „незаинтересирана за каков било притисок од САД и Западот“ и рече дека Русија целосно ги поддржува напорите на Ким да ги заштити безбедносните и економските интереси на целата земја. Чое рече дека Пјонгјанг и Москва градат „нераскинливи пријателски односи“ под водство на Ким и Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ