сабота, 27 јули 2024

Лавров му порача на Зеленски: Не е штетно да се сонува, само е патетично

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, коментирајќи ги неодамнешните изјави на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ја призна можноста за преговори со Русија и потребата од враќање на границите од февруари 2022, кажа дека „не е штетно да се сонува“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски во интервју за Си-би-ес њуз изјави дека „преговорите меѓу Москва и Киев можат да почнат ако Украина успее да ги врати границите од 2022 пред почетокот на конфликтот“, напоменувајќи дека е сигурен дека кога рускиот претседател Владимир Путин ќе го изгуби она што го зазел од 2022 година, ќе биде спремен за дијалог“.

„Па, да се сонува не е штетно, само што изгледа патетично“, им кажа Лавров на новинарите по состанокот со странските амбасадори за ситуацијата во Украина.

Шефот на руската дипломатија додаде дека по неуспехот на истанбулските преговори во 2022 година, Русија конечно се уверила дека за договор за Украина не треба да се разговара со нејзиниот претседател Зеленски, туку со оние кои му забрануваат или дозволуваат да преговара.

Лавров истакна дека Западот на примитивен и измамнички начин ги мами земјите од светското мнозинство на мировната конференција за Украина во Швајцарија.

„На барање на Украина свикуваат мировна конференција, која е замислена во два дела. На првиот дел од таа мировна конференција, која Швајцарците, како што наведоа, сакаат да ја организираат пред летото, планирано е конечно да се усогласат сите предлози кои мора да се прифатат за воспоставување мир. Ги мамат луѓето на тој настан на примитивен и измамнички начин, а целта е да се соберат 140 делегации“, кажа Лавров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ