сабота, 27 јули 2024

Лавров: Колективниот Запад го уништи европскиот безбедносен систем, опседнати се со идејата да ја поразат Русија

Западните земји се и понатаму опседнати со пораз на Русија, за што сведочат изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за испраќање НАТО трупи во Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на состанок на одборот на Фондот за поддршка на јавната дипломатија А.М. Горчаков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Колективниот Запад целосно го уништи европскиот безбедносен систем и е опседнат со идејата да ѝ нанесе стратегиски пораз на Русија. Доволно е да се наведат изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за испраќање НАТО трупи во Украина, но и бројните други бисери кои ги кажаа лидерите на европските држави“, кажа Лавров.

Шефот на руската дипломатија оцени дека агресивната линија кон Русија е „дел од политиката на Западот и само дел од неговите напори да го заузда објективниот процес на демократизација на целосниот систем на меѓународните односи“.

„Тие совршено разбираат дека прашањето на доминацијата на Западот во светските прашања и завршувањето на неговата хегемонија во моментов се решава во Украина“, оцени Лавров.

Тој додаде дека БРИКС може да стимулира вистински праведни механизми за регулирање на меѓународните односи, како и да дејствува како потенцијален координатор на интеграциските процеси во различните региони.

„БРИКС е веќе навистина глобална асоцијација, која може да биде стимулатор на ефикасни напори во корист на вистински рамноправен, праведен механизам, или дури механизам за регулирање на меѓународните односи“, напомена Лавров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ