Кремљ денеска објави дека радикалната промена во надворешната политика на Соединетите Држави (САД) кон Русија „во голема мера“ се совпаѓа со нивната визија.
Новата американска администрација брзо ги менува сите конфигурации на својата надворешна политика.
„Тоа во голема мера се совпаѓа со нашата визија“, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во телевизиско интервју емитувано денеска.
„Има уште долг пат да се помине, бидејќи целата билатерална врска претрпе огромна штета. Но ако се одржи политичката волја на двајцата лидери, претседателот (Владимир) Путин и претседателот (Доналд) Трамп, овој пат може да биде доста брз и успешен“, додаде Песков.
Од неговата инаугурација на 20 јануари, Трамп во голема мера ја промени надворешната политика на САД во споредба со неговиот претходник Џозеф Бајден.