сабота, 27 јули 2024

Лавров: Има многу малку разлика меѓу ЕУ и НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Декларацијата на ЕУ и НАТО за стратегиско партнерство ја нарекува руската инвазија на Украина „најголема закана за евроатлантската безбедност во повеќе децении“. Во декларацијата се повикува на „соработка на ЕУ и НАТО со цел спротивставување на растечките безбедносни закани“  и се охрабрува максималната вклученост на членките на НАТО кои не се членки на ЕУ, но и членките на ЕУ кои не се членки на НАТО.

Но, во декларацијата не се наведува дека НАТО ќе ја гарантира безбедноста на Европската Унија. И додека западниот воен пакт тврди дека не претставува закана за Русија, рускиот претседател Владимир Путин во повеќе наврати се жалеше на ширењето на НАТО, што го наведува како причина за руската инвазија на Украина.

Лавров истакна дека на Русија во повеќе наврати ѝ било ветено дека НАТО нема да се шири, додавајќи дека сите биле лаги. Финска минатиот месец влезе во НАТО, по што Кремљ реагираше дека ќе биде присилен да преземе противмерки за да ја зачува безбедноста на руските граници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ