Такер Карлсон го праша Лавров за ситуацијата во земјите кои ја опкружуваат Русија и дали му се чини дека Соединетите Американски Држави го отежнуваат решавањето на конфликтот.
„Искрено, нема тука ништо ново, бидејќи САД, историски гледано, во надворешната политика дејствуваат така што ќе направат проблем, а потоа гледаат како таа ситуација да ја искористат за себе (да ловат во матната вода)“, кажа Лавров, наведувајќи ги Ирак, Либија и Авганистан.
Ако се анализира надворешната политика на Америка, се гледа истиот шаблон, оцени Лавров.
Russia’s longtime foreign minister describes the war with the United States and how to end it.
(0:00) Is the US at War With Russia?
(12:56) Russia’s Message to the West Through Hypersonic Weapons
(17:47) Is There Conversation Happening Between Russia and the US?
(23:18) How Many… pic.twitter.com/0UkkNjAkhw— Tucker Carlson (@TuckerCarlson) December 5, 2024
„Во Грузија ОБСЕ ги набљудуваше изборите. Кога ги следат изборите во Русија, Белорусија, Казахстан, тие се секогаш многу негативни. Овој пат во Грузија, набљудувачката мисија на ОБСЕ претстави позитивен извештај, но тој се игнорира. Значи, кога им се допаѓаат резултатите на изборите, ги одобруваат, кога не им се допаѓаат, ги игнорираат“, истакна шефот на руската дипломатија.
Како пример го наведе едностраното прогласување на независноста на Косово, кое САД го поддржаа, кажувајќи дека станува збор за право на самоопределување.
„Кога неколку години подоцна Косово еднострано прогласи независност, немаше референдум. Србите потоа се обратија до Меѓународниот суд на правдата, тој пресуди дека кога дел од територијата ќе прогласи своја независност, не е нужно тоа да се договори со централната власт“, кажа Лавров.
Народот на Крим одржа референдум и повикаа меѓународни набљудувачи – парламентарци од Европа, Азија, постсоветскиот простор, додаде тој.
„Но, тие кажаа „не, не можеме ова да го прифатиме, бидејќи станува збор за кршење на територијалниот идентитет. Повелбата на Обединетите нации не е мени, па да бираш сега едно, сега друго. Мора да ја почитуваш во целост“, заклучи Лавров.