недела, 20 октомври 2024

Лавров ги обвини САД за нападот на Кремљ: Терористите од Киев не би можеле да го извршат нападот без знаење на нивните чувари

Објавено на

часот

Сподели

Тој за време на посетата на Индија предупреди дека Русија ќе одговори „со конкретни акции“.

„Јасно е дека терористите од Киев не би можеле да го извршат нападот без нивните чувари“, кажа Лавров мислејќи на Вашингтон, пренесува Франс прес.

Соединетите Американски Држави ги отфрлија вчера руските обвинувања дека Вашингтон е одговорен за наводниот напад со дрон на Кремљ, наведувајќи дека тие тврдења се лага.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби кажа дека „тоа е очигледно смешно тврдење“.

„САД немаат врска со тоа. дури не ни знаеме што точно се случило, но можам да ве уверам дека САД немале никаква улога“, кажа Кирби.

Претходно Русија на 3 мај го обвини Киев за неуспешен обид за убиство на претседателот Владимир Путин со дрон на Кремљ во Москва и кажа дека го задржува правото на одмазда. Киев ги отфрли обвинувањата на Кремљ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ