недела, 19 мај 2024

Лавров: Целта на Западот е да ги скрши Србите, тоа го потврдува и резолуцијата за Сребреница

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека целта на Западот е да ги скрши Србите, што е потврдено и со усвојувањето на резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Амбицијата да се скршат Србите сè уште постои. Пред десет години тие се обидоа да донесат таква резолуција во Советот за безбедност на ОН. Ние ставивме вето“, изјави Лавров во интервју за Алтернативната телевизија на Бања Лука (АТВ).

Тој оцени дека „не може на практично ниво да се објасни по што се водат Европејците кога ја туркаат оваа идеја, освен што тоа го прават затоа што мислат дека Србите се премногу своеглави“.

„Србите се премногу независни во своето однесување, Србите не ги почитуваат барањата за приклучување кон санкциите против Русија, Србите нема да ја признаат независноста на Косово, не сакаат Косово да биде членка на меѓународните организации“, додаде шефот на руската дипломатија.

Според него, сето ова сега е де факто ултиматум на Западот до официјален Белград.

Наведувајќи дека српскиот претседател Александар Вучиќ неодамна ја потврди европската ориентација на државната политика, Лавров оцени дека од Брисел му било одговорено дека доколку Србија сака да стане членка на ЕУ, ќе мора да го признае Косово и да се приклучи на санкциите против Русија, бидејќи „членството во ЕУ автоматски подразбира борба против Русија“.

Лавров ја нарече срамна одлуката на Парламентарното собрание на Советот на Европа за прием на Косово во Советот на Европа како полноправна членка, додавајќи дека западните земји ова го оправдуваат со тоа што на Косово е забележлив напредок во борбата против корупцијата и дека е воспоставен ефикасен правосуден систем.

„Но, сите знаат дека Косово е територија на целосно беззаконие“, истакна шефот на руската дипломатија.

Според него, „на Косово нема демократија, тоа е територија на организиран криминал и територија на етничко чистење во однос на Србите“.

Лавров оцени дека (на Косово) „го искоренуваат православието и тоа му се допаѓа на Западот“, додавајќи дека „Западот сака да му нанесе непоправлива штета на православието и православниот свет да биде под водство на Истанбулскиот патријарх, кој е под директна команда на Соединетите Држави“.

Во исто време, изјави министерот за надворешни работи на Русија, во Босна и Херцеговина (БиХ) претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик е „прикажан како главен негативец, кој наводно го соборил Дејтон, иако тој и неговите тим се единствените во Босна што се борат за принципите на Дејтон“.

Според него, „самоназначениот германски висок претставник Кристијан Шмит, кој е нелегитимен, бидејќи тој не беше потврден од Советот за безбедност, на секој начин се обидува да ја дискредитира РС и застапува став за обединување на БиХ“.

„Ова го прават луѓе кои повремено не обвинуваат нас и другите земји за кршење на Повелбата на ОН, за кршење на резолуциите на Советот за безбедност. А она што тие сега го туркаат како дневна агенда за Босна и Херцеговина е директно поткопување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН“, заклучи Лавров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ