сабота, 27 јули 2024

Лавров: Атлантски Океан не ѝ ја гарантира безбедноста на Америка, тоа е заблуда

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека верувањето на САД дека Атлантски Океан им гарантира заштита во случај на конфликт од големи размери, како што е потенцијална трета светска војна, е грешка.

„Голема грешка е ако се обидуваат да го турнат светот на работ на трета светска војна“, рече Лавров во интервју за Телевизиската програма „Москва.Кремљ.Путин“, пренесува ТАСС.

Шефот на руската дипломатија обвини и дека „Вашингтон ги поттикнува своите европски сателити против Русија, мислејќи дека тоа ќе помине неказнето“.

„Вашингтон ги пушта своите европски сателити да ги гризат петиците на Москва, верувајќи дека може да се извлече од сѐ“, рече Лавров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ