понеделник, 21 октомври 2024

Лавров: Американците не би требало да се потсмеваат со нашите црвени линии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, одговарајќи на прашање за потенцијалната испорака на американско оружје со долг дострел на Украина, ги предупреди Соединетите Американски Држави да не се шегуваат со руските „црвени линии“. Лавров смета дека САД ја губат од вид рамнотежата на меѓусебното одвраќање кое е основа на безбедносниот аранжман на Москва и Вашингтон од Студената војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој го коментираше извештајот на Ројтерс дека САД се блиску до договор за испраќање крстосувачки ракети ЈАССМ на Украина. тоа оружје може да биде користено за цели длабоко во Русија, за што украинскиот претседател Володимир Зеленски веќе долго моли. „Ништо не би ме изненадило, Американците веќе ги преминуваа границите кои сами себе си ги поставија“, кажа Лавров.

„Но тие мора да сфатат – се потсмеваат со нашите црвени линии, а не би смееле да го прават тоа“, додаде Лавров. Рускиот претседател Владимир Путин повеќе пати ги предупреди западните земји да не ја провоцираат Русија, земјата со најголем нуклеарен арсенал во светот. Но Западот и покрај тоа на Киев му испраќа сè повеќе оружје, вклучувајќи тенкови, напредни проектили и борбени авиони.

Дел од западните политичари сметаат дека нуклеарната реторика на Путин е блеф и дека САД и НАТО треба да прават сè за Украина да победи во војната. Зеленски кажа дека украинскиот упад во рускиот регион Курск ја покажал нерелевантноста на Путиновите црвени линии.

Лавров истакна дека Вашингтон ги знае црвените линии на Москва, но дека греши мислејќи дека последиците на ескалацијата на војната во Украина ќе ги чувствува само Европа. „Тие имаат генетско уверување дека никој нема да ги чепка“, кажа шефот на руската дипломатија.

Советникот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби во јуни кажа дека американскиот претседател Џо Бајден повторува дека САД не сакаат трета светска војна. Ова е втор пат во само една недела Лавров да го предупреди Вашингтон дека третата светска војна не би била ограничена само на Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ