сабота, 19 октомври 2024
Напаѓачот на Интер изрази незадоволство

Лаутаро збесна откако загуби судски спор: Какви луѓе сте? Сакате да заработите на вашата почината ќерка!

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез изрази незадоволство откако загуби судски спор, Аргентинецот беше тужен од семејството на неговата поранешна дадилка, која неодамна почина.

Објавено на

часот

Сподели

Судот од Милано го прогласи Лаутаро Мартинез за виновен по обвинувањата за незаконски отказ на 27 годишна девојка, која се грижела за детето на напаѓачот.

По осум месеци како дадилка, девојката била хоспитализирана поради болки во стомакот, а докторите подоцна откриле дека причинaта за ова е неизлечлива болест.

За време на престојот во болница, таа добила отказ поради тоа што земала премногу денови боледувње, па нејзиното семејство решило да покрене тужба против напаѓачот на Интер, кој сега треба да исплати најмалку 15 месечни плати, како и да ги покрие судските трошоци.

По пресудата, Лаутаро Мартинез изрази големо незадоволство на социјалните мрежи.

„Долго време молчев од почит кон семејство кое очигледно нема почит кон моето. Но нема да им дозволам да го оцрнат моето семејство. Ангажиравме особа која веќе беше болна, која ни беше пријател со години, и ја задржавме се додека за жал поради болест не можеше да работи“ – гласеше пораката.

„Помогнавме многу, како на неа, така и на нејзиното семејство. Купивме билети за родителите да дојдат тука, помогнавме да се смести во болница, помогнавме да прима терапија, помогнавме со сместување на нејзиното семејство, кое требаше да го убедуваме да дојде во Италија и да се грижи за ќерката која умира“.

„По сето ова, кога нивната ќерка беше практично пред умирање, се обидоа да изнудат пари од нас. Продолжија дури и по нејзината смрт“.

„И помогнавме кога и бевме потребни, и сега тие се обидуваат да не оцрнат. Какви луѓе сте, кога се обидувате да заработите пари на починатата ќерка?“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ