сабота, 19 октомври 2024

Лаутаро откако испиша историја: Најважна е победата на Интер

Лаутаро Мартинез синоќа стана првиот фудбалер во Серија А кој влегол од клупата и постигнал четири гола, но вели дека најважна е победата на Интер.
 

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот беше 0-0 кога во 55. минута Лаутаро Мартинез влезе во игра, постигна четири гола и му донесе убедлива победа на Интер од 4-0. 

Со овој подвиг тој испиша историја станувајќи прв фудбалер во Серија А кој влегол од клупата и дал четири гола.

„Клучно беше да победиме. Во минатото коло загубивме дома, што мислам дека не беше заслужено, па денеска мораше да победиме“, вели Лаутаро.

„Креиравме шанси во првото полувреме, но не ги реализиравме. По паузата влеговме со вистинска посветеност, таква каква што Интер секогаш треба да има. Дадов четири гола, но најважно е дека Интер победи“.

Лаутаро го има својот најдобар старт на една сезона досега во Интер, веќе постигна девет гола на седум натпревари.

 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ