петок, 18 октомври 2024

Лариса ќе го тужи Велс

Објавено на

часот

Сподели

Колман вчера веше презентиран како наследник на својот некогашен соиграч Гери Спид, кој неодамна трагично си го одзеде животот. Велшанецот беше тренер на Лариса, која ја напуштил поради финансиски проблеми минатата недела, но само неколку часа откако тој беше презентиран, грчкиот клуб во соопштение најави тужба.

Според Лариса, поранешниот менаџер на Фулам сѐ уште бил под договор со нив.

„Ние ја почнавме процедурата. Ќе бараме надомест од велшката ФА“, изјавија од грчкиот клуб.

Сепак во Велс не се многу потресени, затоа што Колман автоматски има раскин на договор, со оглед дека од финансиски причини, Лариса им должи пари, а тоа е прекршување на член во договорот.

„Јас заминав затоа што некои немаа земено плата, шест, осум, па и 12 месеци. Лариса е во големи финански проблеми“, рече Колман.

Грчкиот клуб потенцира дека Велшанецот има договор до јуни и дека ќе стори сѐ што е во нивна моќ за да го задржат во клубот, иако шансите за такво нешто се речиси невозможни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ