недела, 19 мај 2024
БАРСА НЕ ГО ПРИФАЌА ПОРАЗОТ НА ДЕРБИТО СО РЕАЛ

Лапорта се закани: Ако се утврди дека има грешка, ќе бараме преигрување на „Ел Класико“!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта откри дека ќе ги побараат сите снимки и аудио записи од синоќешниот спорент момент на натпреварот против Реал Мадрид, и доколку утврдат грешка, ќе бараат преигрување на „Ел Класико“.

Објавено на

часот

Сподели

Барселона не се помирува со поразот на гостувањето кај Реал Мадрид, боли спорниот момент од првиот дел кога се чини дека ударот на Ламине Јамал ја мина гол линијата, но резултатот остана непроменет.

Попладнево, Жоан Лапорта откри дека ќе ги побараат сите снимки и ауди записи, ќе направат соодветна анализа, и доколку биде утврдено дека е направена грешка, Барселона ќе побара преигрување на „Ел Класико“.

„Вчера имаше неколку спорни ситуации, но пред се е онаа која можеше да влијае на крајниот исход, мислам на т.н. „голот дух“ на Ламине“ – вели претседателот на „каталонците“.

„Како клуб сакаме да се осигураме што точно се случи, па затоа сакам да ве информирам дека веднаш ќе побараме од Tехничкиот комитет на судиите и Фудбалската федерација на Шпанија, да ни бидат доставени сите видео и аудио записи од акцијата“.

„Откако ќе биде направена анализа, доколку Барселона утврди дека е настаната грешка при проценката, ќе ги спроведеме сите расположливи активности за да ја смениме ситуацијата, а тоа подразбира и правна постапка“.

„Доколку се потврди дека голот бил легален, ќе одиме и чекор понапред и ќе побараме да се преигра натпреварот, како што неодамна се случи на еден натпревар од првенство во Европа поради грешка на ВАР“.

„И покрај тоа што речиси целиот нагласок го ставаме на оваа акција, сакам да потенцирам дека не се сложуваме со уште неколку одлуки на судијата на натпреварот против Реал, иако можеше да се консултира ВАР за овие акции, оваа алатка беше игнорирана на несфатлив начин“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ