Барселона беше силно погодена од ковид пандемијата, приходите драстично се намалија па „каталонците“ имаат проблем при настапот на трансфер пазарот и се ограничени од правилата на Ла Лига, односно лимитот за плати е многу мал.
Жоан Лапорта сега се пожали и откри дека ниту 600 милиони евра приходи нема драстично да ја променат ситуацијата.
„Според Ла Лига, ниту приходи од 600 милиони евра нема да ни помогнат многу кога е во прашање лимитот за плати. Бараме начини како да ја подобриме финансиската ситуација, но Ла Лига наместо да ни помогне, се обидува да ни нанесе штета“ – вели претседателот на Барса.
Неодамна се појавија гласини дека Барселона планира да прибере околу 900 милиони евра продавајќи 30% од ТВ правата како и дел од две компани, но Жоан Лапорта го негираше ова.
„Да, можевме да направиме вакви зделки но се обидуваме да најдеме сценарио кое е во најдобар интерес на Барса, и во моментов не сме нашле такво. Не е точно дека ќе продадеме 30% од ТВ правата на Голдман Сакс. Нашата намера е да продадеме 10% од ТВ правата. Во моментов добиваме околу 165 милиони евра годишно за ТВ правата“.