сабота, 27 јули 2024

Лапорта пак се пишмани, Барселона уште денес соопшти дека Чави заминува

Барселона попладнево соопшти дека Чави заминува по крајот на сезоната, „каталонците“ направија голем хаос со отказот на тренерот.

Објавено на

часот

Сподели

По поразот од Виљареал во јануари, Чави на големо изненадување соопшти дека заминува по крајот на сезоната.

Сепак, пред еден месец, Жоан Лапорта успеа да го предомисли Чави и беше договорено стретегот да остане на кормилото.

Но минатата недела се случи нов пресврт, претседателот на Барселона беше силно погоден од зборовите на Чави, кој пред мечот со Алмерија изјави дека не можат финансиски да се носат со Реал Мадрид и другите големи европски клубови, па не треба да имаат големи очекувања.

Жоан Лапорта се почувстувал предаден од ваквите коментари, па решил да ја прекине соработката со Чави.

Се најавуваше дека тоа ќе се случи следната недела, за во втор план да не се стави финалето во Лигата на шампиони на женскиот клуб, но Жоан Лапорта пак се пишмани и реши уште денес да го извести Чави за преки на соработката.

„Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта го извести Чави дека нема да продолжи како тренер на првиот тим во сезоната 2024/25“ – власеше известувањето.

„Барселона сака да му се заблагодари на Чави за неговата работа како тренер, и му посакува се најдобро“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ