вторник, 14 јануари 2025

Лани во првите 11 месеци Македонија ја посетиле повеќе странски туристи од преклани

Објавено на

часот

Сподели

Бројот на туристите во ноември 2024 година изнесувал 66.701, од кои 31,6 % биле домашни, а 68,4 % се странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во ноември 2024 година изнесувал 138.226, од кои 38,6 % се од домашните туристи, а 61,4 % од странските.

Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,3 %. Кај домашните туристи има зголемување за 2,2 %, а кај странските има зголемување за 9,2 %.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ