Во Охрид во 2023 година биле бесправно изградени 38 објекти, од кои 7 објекти за домување, 8 доградби, надградби и слични адаптации, 10 огради, по една гаража и тераса, 3 настрешници, и по четири времени и помошни објекти. Во Струга бесправно биле изградени 49 објекти од кои 10 за домување, 12 доградби, надградби и слични адаптации, 13 огради, 5 деловни објекти, 6 помошни објекти, две настрешници и еден времен објект, покажуваат податоците на ДЗС.
Најголем број бесправно изградени објекти (93,1 %), на ниво на држава, се во приватна сопственост.