сабота, 27 јули 2024

Лани во Хрватска работеле 13 илјади македонски граѓани

Според податоците на хрватското МВР македонските граѓани се трети по број на листата на странски работници во Хрватска – лани во оваа земја работеле 13.412 Македонци. Македонските граѓани најчесто работата сезонски работи за време на туристичката сезона, па така најмногу ги има во угостителството, хотелиерството, малопродажбата…

 

Објавено на

часот

Сподели

Месечната заработuвачка на сезонските работници во Хрватска е 1.300 евра, со платено сместување и храна.

Според податоците на хрватското МВР, најголем број работници во Хрватска има од Непал. Веднаш зад нив се Индијците, а освен од Македонија, голем е бројот на работниците и од Филипини, Бангладеш, Косово, Турција и Албанија.

Вкупно Хрватска издала 172 илјади работни дозволи на странци за трајно вработување, што претставува рекорд во оваа држава.
Хрватскиот завод за вработување објави дека најмногу странци имало вработени како градежници, келнери и куварски помошници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ