Алармантниот број на фемициди е јасен потсетник дека човештвото сè уште се бори со длабоко вкоренетите нееднаквости и насилството врз жените и девојчињата, рече Гада Вели, извршна директорка на УНОДЦ.
„Секој изгубен живот е повик за акција – молба итно да се решат структурните нееднаквости, да се подобрат одговорите на кривичната правда, така што ниту една жена или девојка да не се плаши за својот живот поради нејзиниот пол“, нагласи таа.
Повеќе од половина од тие убиства, околу 55 отсто, биле извршени од членови на семејството или партнери, во споредба со околу 12 отсто од машките жртви на убиства.
Најмногу убиства на жени и девојки, околу 20.000, се случиле во Африка, а потоа во Азија, стои во извештајот на организациите на ОН.