Веќе некое време е познато дека Елмас е нов фудбалер на Лајпциг, а потврдата од германскиот клуб дојде денеска.
„Елиф Елмас доаѓа од Наполи во Лајпциг од 1 јануари 2024. 24-годишниот фудбалер ќе добие долгорочен договор, четири ипол години, до јуни 2028 година и ќе го носи дресот со број шест“, се вели во соопштението на клубот.
Елмас на 2. јануари треба да се појави во тренинг кампот на Лајпциг.
„За мене е сон што ќе играм во Бундеслигата, во тимот на Лајпциг. Клубот има посебен вид на фудбал, брз, со многу офанзива што ми одговара перфектни. Тимот е одличен микс од млади врни таленти кои можат да се развиваат тука, веќе постигнаа многу. Затоа мислам дека трансферот во Лајпциг е вистински за мене, едвај чекам да почнам во јануари и да ги запознаам сите“, вели Елмас.
„Разговорот со Рувен Шродер и Марко Росе брзо ме увери дека сакам да играм за овој клуб. Пред нас е предизвикот во вториот дел од Бундеслигата и да го изненадиме Реал Мадрид во Лигата на шампионите“.
+++ Transfer-Update +++
Eljif #Elmas verstärkt #RB Leipzig ab Januar 2024!
Der 24-Jährige erhält einen langfristigen Vertrag über viereinhalb Jahre bis Juni 2028 und wird künftig mit der Rückennummer 6 für #RBL aufdribbeln: https://t.co/dkIFE1iIEh
Herzlich Willkommen bei den… pic.twitter.com/tbSIodtcLo
— RB Leipzig (@RBLeipzig) December 27, 2023