сабота, 27 јули 2024

Лајпциг го освои Купот на Германија, нивниот прв голем трофеј во историјата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Фрајбург добро го почна мечот, дојдоа во водство со гол на Егештајн во 19. минута.
 
Во 57. минута работите за Фрајбург станаа уште подобри откако Халстенберг доби црвен картон.
 
Но и покрај тоа што играа со фудбалер помалку, фудбалерите на Лајпциг успеаа да излезат од таквата ситуација. Во 76. минута Нкуку даде гол за израмнување на 1-1.
 
Со тој резултат завршија 90 минути па се играа и продолженија но и во нив немаше нов гол па пеналите го решаваа победникот.
 
Во пенал серијата Лајпциг ги даде сите четири гола, Фрајбург промаши двапати и го загуби мечот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ