Фрајбург добро го почна мечот, дојдоа во водство со гол на Егештајн во 19. минута.
Во 57. минута работите за Фрајбург станаа уште подобри откако Халстенберг доби црвен картон.
Но и покрај тоа што играа со фудбалер помалку, фудбалерите на Лајпциг успеаа да излезат од таквата ситуација. Во 76. минута Нкуку даде гол за израмнување на 1-1.
Со тој резултат завршија 90 минути па се играа и продолженија но и во нив немаше нов гол па пеналите го решаваа победникот.
Во пенал серијата Лајпциг ги даде сите четири гола, Фрајбург промаши двапати и го загуби мечот.