сабота, 27 јули 2024

Лајпциг го надигра Реал, но не успеа да го победи! (ВИДЕО)

Реал Мадрид со многу мака го помина Лајпциг, кралскиот клуб беше надигран, но на крајот успеа да избори четвртфинале, дуелот заврши 1-1, Манчестер Сити со уште еден триумф од 3-1 оди понатаму.

Објавено на

часот

Сподели

Елиф Елмас влезе на пет минути до крајот на натпреварот, но не успеа да му помогне на својот тим да победи на Бернабеу.

А, Лајпциг во текот на мечот имаше многу пропуштени шанси кои можеа да донесат поинаков исход на мечот. Германците можат да жалат.

Лајпциг напаѓаше, а Реал Мадрид по една контра во 65. минута поведе со 1-0. Белингем фантастично го проигра Винисиус кој даде гол за предност.

Три минути подоцна Орбан даде гол со глава за 1-1 и интересен финиш на натпреварот.

Германците до крајот се обидуваа да постигнат втор гол кој ќе го однесеше натпреварот во продолженија, но не успеаа. Во 92. минута Олмо имаше пречка, Реал Мадрид среќно го сочува резултатот и обезбеди место во следното коло.

Манчестер Сити со идентични 3-1 како во првиот дуел го совлада Копенхаген, сите четири погодоци беа постигнати во првото полувреме.

Сити тргна фуриозно, не поминаа ни десет минути, а веќе беше 2-0. Акањи погоди во 5. минута, четири минути подоцна и Алварез. Двата гола беа постигнати по корни.

Во 29. минута фудбалерите на Копенхаген изведоа фантастична акција која ја реализираше Елионуси за намалување на резултатот на 2-1.

Течеше третата минута од судиското продолжение во првото полувреме кога Халанд постигна гол за 3-1, тоа беше и конечниот резултат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ