петок, 18 октомври 2024

Лајовиќ: Србите не сакаат тенис, тие го сакаат само Ѓоковиќ

Српскиот тенисер, Душан Лајовиќ по поразот од Данил Медведев во првото коло на УС Опен, даде интересен коментар кој стана хит во Србија.

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето на српски новинар дали Србите по објавата на Ѓоковиќ дека нема да игра на турнирот во Белград ќе покажат дека го сакаат тенисот и ќе ги исполнат трибините, Лајовиќ даде интересен одговор.

„Можевме да видиме на Србија Опен и на некои Дејвис Куп дуели порано кога сме играле во Белград. Искрено, не мислам дека Србите се тениски фанови, мислам дека се фанови на Новак Ѓоковиќ кои се соживуваат со неговите победи и порази. Тоа веројатно има некоја подлабока позадина. Од другастрана, кога одиш на мали турнири во Италија, Франција или Шпанија, на нив тоа им е во крвта, тоа им е друштвено случување. Се собираат таму и поминуваат време гледајќи тенис без разлика дали на турнирот има нивни играчи“, вели Лајовиќ.

„Кај нас тоа не се случува, но би било убаво да се промени. Зависи кој игра од другите странски играчи, но видовме на трибините во Белград дека публиката нема интерес за никој кој не е Новак или Топ 3, што е нереално да се гледа некој таков во Белград на турнир од серија 250. Дај Боже да грешам и да бидат полни трибините“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ