петок, 13 декември 2024

Лајпциг двапати водеше против Леверкузен и на крајот загуби, Елмас доби мала минутажа

Елиф Елмас повторно доби шанса во финишот од мечот, а Лајпциг на свој терен загуби од Леверкузен со 3-2, со погодок примен во судиското продлжение од натпреварот.

Објавено на

часот

Сподели

Втор меч за Елмас во дресот на Лајпциг, и овојпат нашиот фудбалер во игра влезе во 84. минута од натпреварот.

Лајпциг почна одлично, Симонс во седмата минута донесе водство од 1-0.

Предноста на домаќините траеше до втората минута од второто полувреме кога Теља изедначи на 1-1.

Во 56. минута Опенда ја врати предноста за Лајпциг, но веќе во 63. минута Тах изедначи на 2-2.

Се чинеше дека мечот ќе заврши нерешено, но во 91. минута Хинкапие постигна гол за победа на Баер Леверкузен од 3-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ