среда, 25 декември 2024

Лајчак: Заедницата на српски општини е законска обврска на Приштина

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак изјави дека формирањето Заедница на српски општини е долгогодишна законска обврска на косовската влада.

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека меѓународната заедница е единствена по тоа прашање и дека очекува од секој премиер на Косово да го спроведе тоа.

Лајчак во интервју за приштинска Газета експрес, осврнувајќи се на барањето на Приштина Србија да потпише европски нацрт статут за формирање ЗСО, кажа дека тоа не е неопходно.

„Законскиот акт, како што е во моментов осмислен, треба да биде интерен документ на Косово. Со потписот на Косово и Србија, статутот би станал меѓународен договор, што не е“, кажа Лајчак.

„Овој концепт е во согласност со меѓународните стандарди и исто така се одразува во целиот устав на Косово. Како таква мерка треба да се смета и формирањето на Заедницата, а тоа е дури и законска обврска на Косово бидејќи косовското собрание го ратификуваше Бриселскиот договор од 2013 година“, укажа европскиот дипломат.

Лајчак истакна дека мислењето дека нацрт статутот на ЗСО, кој го понуди ЕУ, го федерализира Косово е недоразбирање и дека тој го почитува уставниот поредок на Косово и неговите црвени линии, но и договорите од 2013 и 2015 под медијација на Брисел, кои се правна основа за ЗСО, но и релевантните меѓународни конвенции, како европската Повелба за локална самоуправа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ