среда, 29 мај 2024

Лајчак: Вучиќ и Курти имаат мандати за носење тешки одлуки

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак изјави дека претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти имаат мандати за носење тешки одлуки во рамки на дијалогот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Вучиќ и Курти имаат мандати за носење тешки одлуки. ЕУ направи сè што можеше, но не можеме да сакаме нормализација повеќе од Косово и Србија“, кажа Лајчак за Нова и додаде дека сеопфатен договор е клучен за придружување во ЕУ.

Според него, сеопфатен правно обврзувачки договор за нормализација на односите е целта на дијалогот и клучен дел од неговиот мандат.

„Тоа е и клучен услов за двете страни на крајот да се придружат на ЕУ. Мојата желба беше да одиме до крај и да го завршиме процесот со сеопфатен правно обврзувачки договор за нормализација. Тоа не беше можно, но исто така сакам да подвлечам дека поминавме долг пат“, кажа Лајчак, на кого на 31 август му завршува мандатот како специјален претставник на ЕУ за дијалогот.

Тој истакна дека од Белград и Приштина зависи постигнувањето конечен договор.

„Процесот е во нивна сопственост и зборуваме за нивната иднина. Двете страни ги имаат европските интеграции како стратегиски приоритет и напредокот во нормализацијата на нивните односи е од суштинско значење за напредокот кон ЕУ“, кажа тој и додаде дека Србија и Косово мора да постигнат сеопфатен и правно обврзувачки договор за нормализација.

Тој кажа и дека желбата му е Западен Балкан да успее и конечно да стане дел од ЕУ, бидејќи регионот таму припаѓа – географски, економски и културно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ