вторник, 22 октомври 2024

Лајчак: Внимателно ги следам случувањата кои особено ги погодуваат Србите на Косово

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак порача дека внимателно ги следи случувањата во врска со одлуката на централната банка на Косово да го укине српскиот динар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лајчак на Фејсбук потсети дека во Белград и Приштина минатата недела разговарал за актуелната ситуација и за следните чекори во дијалогот.

„Разговаравме за дијалогот, а зборувавме и за актуелната состојба на односите на ЕУ и Косово. Деталните разговори со лидерите и главните преговарачи од двете страни беа навремени и важни, што ни овозможи да ги изразиме своите очекувања за следните месеци и да разговараме на што ќе работиме. Ги следиме случувањата фокусирајќи се на актуелната динамика на процесот на нормализација. Во тој контекст, внимателно ги следам случувањата во врска со неодамнешната уредба на централната банка на Косово за готовинското работење, која особено влијае на српските заедници кои живеат на Косово“, порача Лајчак.

Додаде дека оваа недела патува во Фиренца, каде на Европскиот универзитетски институт ќе одржи предавање за Западен Балкан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ