вторник, 10 декември 2024

Лајчак: Црна Гора без напредок во последните две години

Објавено на

часот

Сподели

Тој потсети дека Црна Гора го отвори последното поглавје од преговорите во јуни 2020.

„Кога доаѓав минатата година, јас им кажав какво е чувството во Брисел, дека Црна Гора исчезнала. Претходната влада имаше добри намери и добри документи но немаше акција. Црна Гора не се гледаше ниту се чувствуваше во Брисел“, кажа Лајчак.

Тој кажа дека членството во ЕУ не се добива по инерција.

„Ако видите колкав напредок оствари Албанија, Колку се борат Македонија и Србија, а Црна Гора имаше став дека е прва и дека засекогаш ќе биде прва. Сега тоа изгубено време мора да се надомести“, наведе Лајчак.

Тој порача дека ЕУ ќе се потруди да помогне на со сите проблеми со кои се случува државата, додавајќи дека Унијата го доживува Балканот како дел од европското семејство.

„Ниедна земја од регионот не е пред Црна Гора. Меѓутоа, како што кажав, Црна Гора ја изгуби таа динамика и повеќе се бавеше со самата себе, отколку со својот европски пат, иако тоа е нешто што повеќето ваши граѓани сакаат да стане реално“, наведе Лајчак.

Според него, тоа треба да биде јасен приоритет за секоја влада.

„Времето беше изгубено и сега треба да се надомести, но и да се искористи политичкиот момент ЕУ повеќе да се отвори кон тој процес бидејќи сфаќаме дека е невозможно овој простор да го оставиме во некаков политички вакуум“, кажа, меѓу другото, Лајчак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ