сабота, 27 јули 2024
Серија А

Лацио ја продолжи победничката серија, римјаните убедливи кај Специја (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Римскиот клуб се зацврсти на втората позиција откако освои три нови бода со сигурен триумф над Специја.

Мечот беше отворен во 36. минута кога Имобиле од пенал погоди за водство на Лацио од 1-0. Со тој резултат се замина на одморот.

По седум минути игра во второто полувреме Фелипе Андерсон постигна гол за водство од 2-0.

Конечните 3-0 ги постави Антонио со гол во 89. минута. Пет минути претходно Специја остана со фудбалер помалку откако Ампаду заработи втор жолт картон.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ