понеделник, 3 март 2025

Лацио со гол од пенал во 98. минута го победи Милан на Сан Сиро (ВИДЕО)

Трет пораз по ред на Милан во Серија А, овојпат росонерите загубија од Лацио на домашен терен со 2-1.

Објавено на

часот

Сподели

Лацио поведе со гол на Закањи во 28. минута од натпреварот, со тој резултат заврши првото полувреме.

Работите станаа потешки за Милан во 67. минута кога Павловиќ доби директен црвен картон.

Но и со играч помалку росонерите напаѓаа силно кон изедначување и тоа се случи во 85. минута кога Чукуезе со глава даде гол за 1-1.

Милан продолжи да напаѓа барајќи победа, но во судиското продолжение голманот Мањан направи прекршок за пенал, а Педро реализираше во 98. минута за победа на Лацио од 2-1.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ