Таткото на Ламин Јамал во средата заврши во болница откако беше прободен на паркинг во градот Матаро.
До овој момент, четири лица се приведени и изнесени пред суд со обвинение за обид за убиство, а се говори дека наскоро ќе биде приведено уште едно лице.
Весникот Ла Вангвардија сега открива повеќе детали за инцидентот и како тоа му била наместена замка на таткото на Ламин Јамал.
Откако претходно во денот тој имал недоразбирања со група на луѓе, добил повик и било договорена средба на паркингот на која сите требале да се помират за случувањата од утрото.
Но тие на средбата се појавиле со ножеви, веднаш го опкружиле и почнале да го удират, клоцаат и да го бодат.
„За среќа се појавил пријател на татко ми, во спротивно ќе го убиеле“ – наводно им открил Ламин Јамал на директорите на Барселона по посетата на неговиот татко во болница.